Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,652 денари/кг и сега ќе изнесува 39,391 денари/кг.
Од 4.4.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 83,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 72,00 (денара/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,50 (денар/литар)
„мазут М-1 НС“ – 39,391 (денари/килограм)